ВИДЕО: „Лисиците“ продолжуваат да „сонуваат“ за нова титула – Лестер ја „преслуша“ и Астон Вила

Лестер веројатно останува единствен ривал на Ливерпул во борбата за трофејот во англиската Премиер-лига. Лисиците денеска ја „понижија“ и Астон Вила, нагости совладувајќи ја со 1-4.  Првото полувреме донесе одличен натпревар. Гостите поведоа со головите на Џејми Варди во 20. минута и Келечи Ихеначо во 41. минута, додека на 1-2 намали Грилиш во судиското надополнување.

На стартот на второто полувреме Џони Еванс донесе нова предност од два гола за „Лисиците“ (1-3). Конечните 1-4 со својот втор погодок на мечот ги постави Џејми Варди во 75. минута. Со победата Лестер повторно се врати на негатива од осум бода пред првопласираниот Ливерпул, додека Астон Вила сега е осумнаесетта и до крајот ќе ја очекува тешка борба за опстанок во елитното англиско натпреварување.

Во останатите два меча од терминот во 15 часот, Њукасл по пресврт го совлада Саутемптон со 2-1, додека Шефилд беше подобар од Норич нагости со 1-2.

Standings provided by Sofascore LiveScore

/div>

Се вчитува...