ВИДЕО: Маестрален гол на Мазари од 25 метри, Работнички не дозволи предност за „лавовите“ на полувреме

Квалитетна фудбалска претстава демонстрираат Македонија ЃП и Работнички во скопската пресметка од првиот натпревар во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

На полувремето е без предност (1-1) за двете екипи по головите во само две минути.

Најпрво во 24. минута „лавовите“ поведоа со голот на Есмин Личина, по асистенцијата на Самаке од слободен удар.

Но, веќе во 26. минута Атхе Мазари постигна маестрален гол со извонреден шут од 25 метри, за сосема заслужено израмнување на резултатот за Работнички.


Се вчитува...