Садио Мане е стрелец на голот за водство на Ливерпул на самиот почеток од гостувањето против Ватфорд, откако Сенегалецот рутински реализираше по додавањето на Мохамед Салах.
Асистенцијата на египетскиот ас беше маестрална, откако најпрвин се ослободи од Роуз тој со надворешен „фелш“ со левата нога ја смести топката токму пред залетаниот соиграч, кој со удар „од прва“ го совлада домашниот голман.
Ова беше стоти гол на Садио Мане во Премиер-лигата, со што Сенегалецот стана третиот африкански фудбалер што стигнал до вакво остварување, по Дидие Дрогба и Мохамед Салах.
Mane Goal
WHAT A PASS SALAH. They say he isn’t a playmaker
— CF Comps (@CF_Comps) October 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА