ВИДЕО: Мајсторија на Паз… Комо и Фабрегас ја шокираа Фиорентина!

По трите порази во низа на дуелите со Аталанта, Јувентус и Болоња, екипата на Комо предводена од Сеск Фабрегас конечно добрите изданија ги круниса и со позитивен резултати, триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Фиорентина на „Артемио Франки“.

Два фантастични погодоци им сервираа фудбалерите на Комо на „виолетовите“.

Најпрво, Асане Диао ја прикажа сета своја брзина на дело и постигна одличен гол, за да во второто полувреме Комо со мајсторија на Нико Паз дојде и до 0-2.

Комо со овие три бода сега избега од опасната зона во Серија А.

Се вчитува...