ВИДЕО: Мајсторијата на Демир ја одбележа пресврт-победата на „лавовите“

Македонија ЃП дојде до триумф од 3-1 против Борец во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ до триумфот стигнаа со пресврт, откако гостите поведоа со голот на хрватскиот интернационалец Никола Прелчец уште во 4. минута од средбата…

Сепак, Фернандо Карваљо во 39. минута и Дејан Блажевски во 73. минута од пенал донесоа до пресврт предност од 2-1.

А, потегот на мечот за Бенјамин Демир кој во третата минута од судиското продолжение со вистинска мајсторија и прекрасен погодок заокружи на 3-1.

Се вчитува...