Рајо Ваљекано извлече 0-0 на гостувањето против Селта Виго во 30. коло од шпанската Ла Лига, главно благодарение и на одличниот на голот македонски репрезентативец Столе Димитриевски.
Димитриевски беше константен на голот на Рајо на целиот натпревар, издвојувајќи се во неколку ситуации со спречени погодоци на домашните за предност и победа.
И тоа како за издвојување е 37. минута од средбата кога Димитриевски со мајсторска интервенција со нога во пад на самата гол-линија спречи погодок на домашните…
⏳ ¡Descanso en Vigo! La mejor ocasión se la apuntamos a Larsen. #LALIGA
➡️ Celta de Vigo 0-0 Rayo Vallecanopic.twitter.com/fxuRUJZrkp
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 31, 2024
Рајо и натаму ја продолжува битката за опстанок во Ла Лига, овој пат со важен бод на гостувањето против директниот конкурент Селта Виго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА