ВИДЕО: Марко Ѓорѓиевски го казни својот екс-клуб, Силекс води против Шкупи со 2-0

Силекс има сигурно неочекувано 2-0 по само 30 минути игра во дербито на 20. коло од Првата македонска фудбалска лига против актуелниот шампион Шкупи.

Откако уште во 4. минута кратовци поведоа со евроголот од слободен удар на Милосављевиќ, шок за чаирчани приреди нивниот поранешен играч Марко Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски одлично се ослободи од своите чувари и низ брз напад прекрасно погоди за 2-0, против својот екс-клуб кој претходно се ослободи од неговите услуги.

Се вчитува...