Видео: Мбапе и Макрон – „Не ме теши, те молам“

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во главна улога по завршувањето на финалето, откако се спушти на теренот обидувајќи се да ги утеши „триколорите“ по несреќниот пораз.

Најмногу време мина крај Килијан Мбапе, кој беше и најразочаран што неговиот хет-трик се покажа недоволен за нов пехар, но асот на ПСЖ не му обрна премногу внимание на претседателот, настојувајќи што побрзо да се откачи од него…

Се вчитува...