Лионел Меси со уште еден гол учествуваше во победата на Аргентина против Египет од 3-2 во досега највозбудливиот натпревар на Мундијалот 2026.
Па, по мечот Меси не можеше да ги скроти солзите, максимално емотивно доживувајќи го пласманот во четвртфиналето и продолжувањето на битката за светската титула.
А, со голот против Египет, Меси ја продолжи својата неверојатна серија на Светското првенство 2026 – запишувајќи нов рекорд како стрелец на последните девет натпревари на светските првенство!
Оваа неверојатна серија започна во Катар со натпреварот против Австралија (гол), продолжи против Холандија и Хрватска (гол во двата натпревари), потоа против Франција во финалето кога двапати ја погоди мрежата.
На тековниот турнир, тој постигна гол наа секој натпревар: против Алжир (хет-трик), Австрија, Јордан, Зеленортските острови и конечно против Египет двапати.
Тој моментално е најдобар стрелец на тековниот светски шампионат со осум гола, пред Мбапе и Халанд кои го следат со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
