Видео: Меси „растура“ на песок, ќе биде ли „фит“ за Билбао

Лионел Меси делува подготвено за стартот на сезоната, откако денеска беше објавено видео од неговите тренинзи на песок во комплексот на каталонскиот гигант.

Аргентинецот се мачи со повреда на листот на ногата, но според она што може да се види на видеото, тој успешно го санирал овој проблем. Последниот збор ќе го има тренерот Валверде, кој ќе треба да одлучи дали да ризикува со настап на својот најдобар фудбалер на дуелот со секогаш незгодниот ривал Атлетик Билбао, закажан за утре на „Сан Мамеш“.

Погледнете како Меси се загрева за новата сезона, противничките дефанзивци дефинитивно имаат причина да бидат загрижени.

Се вчитува...