ВИДЕО: Митровски носи предност за „пандевци“ во Автокоманда

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Димитар Митровски носи предност од 0-1 за Академија Пандев на гостувањето против Скопје во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По мирното прво полувреме, „пандевци“ заслужено доаѓаат до предност во Автокоманда по убавата акција во 61. минута од средбата.

Одлично проигра репрезентативецот Бојан Димовски по левата страна, а Митровски од 12 метри мајсторски стрелаше за водство од 0-1 на струмичани.

Се вчитува...