Видео: Најдоброто од Арпад Штербик – како „џинот“ блескаше на голот на Вардар

Арпад Штербик кажува збогум на ракометот на крајот на сезонава, доволен повод да се погледне и ужива во оваа видео-компилација од најдобрите интервенции на овој врвен голман.

Поголем дел од нив се блесоци од периодот додека ја чуваше мрежата на Вардар, но има и одбрани од голот на шпанската репрезентација, па дури и на Сиудад Реал, кога го запре тинејџерот Домагој Дувњак.

Погледнете и уживајте во ова видео за ракометни „гурмани“…

Се вчитува...