Видео: Најлудиот тајмаут на Јасикевичиус – не ви требам јас

Шарунас Јасикевичиус важи за темпераментен стратег, но тренерот на Барса на синоќешниот дуел со Валенсија се реши и за поинаков метод.

Литванецот го имаше најчудниот тајмаут во кошаркарска Европа откако побара минута одмор, а потоа реши – да не им каже ништо на своите кошаркари.

„Не ви требам јас, еве самите договорете се“, кажа Јасикевичиус и се повлече на страна, оставајќи ги играчите на Барса зачудени.

Ниту ваквата шок-терапија не вроди со плод, па Барса пред се поради катастрофалната игра во одбраната претрпе пораз од 90-100.

Се вчитува...