ВИДЕО: Најубедливо издание на Вардар сезонава, „самба“ на Реис Жуниор за триумф над Струга ТЛ

Фудбалерите на Вардар во најубедливото свое издание сезонава славеа убедливо со 3-0 против Струга ТЛ во 5. коло од ПМФЛ.

Сите три погодоци беа во второто полувреме. Отпорот на стружани беше скршен благодарение на „самбата“ на Бразилецот Реис Жуниор кој со два гола донесе предност од 2-0, а по проигрувањата од Даниел Аврамовски. А потоа во 82. минута Филип Најдовски само заокружи за конечни 3-0 по проигрувањето од Матеј Цветановски….

Се вчитува...