ВИДЕО: Неверојатниот пресврт во Тетово… Ренова од 1-3 до 4-3 против Работнички!

Фудбалерите на Ренова со неверојатен пресврт успеаја да дојдат до победа од 4-3 против Работнички во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Гипсарите“ до 60. минута имаа негатива од 1-3, а потоа во последниот половина час со три погодоци успеаја да стигна до повеќе од значаен триумф. Голот за победа го постигна Ремзифаик Селмани во 76. минута од средбата.

Претходно, Работнички поведе во 24. минута со убав погодок на Иван Марковиќ. Гафури брзо израмни на 1-1, но потоа следеа два гола на Петар Петковски за 1-3.



В0 60. минута за 2-3 реализираше Илирид Адеми, а во 62. минута израмни Бојан Миовски.

Се вчитува...