ВИДЕО: Неверојатно – Откако се врати по пауза од три меча, Мојсов веднаш доби нов црвен картон

Капитенот на Брегалница и поранешен македонски репрезентативец, Даниел Мојсов повторно со црвен картон во домашниот шампионат.

Откако се врати по пауза од три натпревари, поради добиено исклучување, Мојсов денеска на гостувањето на Брегалница против Скопје во Автокоманда веднаш со ново исклучување.

Во 67. минута од средбата по старт над Кировски, Мојсов го доби вториот жолт картон на мечот, па и црвен картон. Кировски и низ минутите претходно постојано се обидуваше да изнуди дуели и прекршок од Мојсов, и по неколку обиди очигледно му успеа…

Мојсов, како што е познато, доби црвен картон на натпреварот во Кавадарци против Тиквеш кога влезе во конфликт со навивач од трибините кој, пак, вербално и физички напаѓаше членови на неговото семејство.

Се вчитува...