ВИДЕО: Огромен „кикс“ на Де Хеа, Јунајтед загуби од последнопласираниот Вотфорд

Последнопласираниот тим во Премиер – лигата, Вотфорд, ја оствари втората победа оваа сезона совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-0. Огромниот „кикс“ на Давид де Хеа му овозможи на Исмаил Сар да донесе водство за домашниот тим во 50.минута. Четири минути подоцна Ван – Бисака направи пенал, а Трој Дини ја удвои предноста против „црвените ѓаволи“.

Тимот на Оле Гунар Солскјер во првиот дел имаше можност за водство преку Џеси Лингард, но тој не успеа да лобува иако излезе сам пред противничкиот голман. По подолга пауза во тимот на Манчестер Јунајтед се појави и Пол Погба, кој влезе во второто полувреме на местото на Лингард.

Се вчитува...