Повеќе од возбудлива на фудбалски план заминува 2017 година… Секако, меѓу бројните настани на фудбалските терени ширум планетава фокусот секогаш е насочен кон случувањата на Стариот континент каде е концентриран реалниот светски фудбалски квалитет.
Од она што во 2017 година ќе остане запаметено без сомнение е Реал Мадрид кој стигна до трите клупски титули, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светската клупска титула… А, каде е Реал таму е Барселона кој за првпат во историјата оваа година успеа да слави во два наврати на „Сантијаго Бернабеу“.
„Крвавите“ битки меѓу „кралевите“ и каталонците уште еднаш во изминатите 365 дена го освоија светот, но 2017 година ќе остане забележана и по „пензионирањата“ од фудбалските терени на бројни ѕвезди, меѓу кои Тоти, Касано, Пирло, Кајт…
На крајот, година ќе остане забележана и по дебаклот на Италија која не успеа да се избори за место на Светското првенство во Русија престојнава година. Сето тоа заокружено и со солзите на легендарниот Џанлуиџи Буфон…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА