ВИДЕО: „Пандевци“ водат на полувреме со Работнички, Јовановски му одбрани пенал на Прелчец во 45. минута

Академија Пандев има предност од 0-1 по првото полувреме на гостувањето против Работнички во првиот натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ кои на мечот се без шефот на стручниот штаб Александар Васоски, кој е позитивен на Ковид-19, до предноста дојдоа со голот на Марио Крстовски во 11. минута…

Во продолжението веќе во 19. минута по одличната акција на Прелчец по левата страна, Лука Станковски имаше 100% шанса за израмнување но неговиот шут од десет метри го брани Јовановски.

„Романтичарите“ имаа шанси потоа и преку Ристовски како и повторно преку Лука Станковски во 43. миута, но голманот на гостите Марко Јовановски не дозволи израмнување на резултатот.

Во последните секунди од првиот дел Работнички не реализираше пенал преку Никола Прелчец. Марко Јовановски одлично го одбрани неговиот удар откако претходно во шеснаесетникот беше соборен Тодоровски.

Се вчитува...