ВИДЕО: По три порази и Ренова се израдува: Резервистот Адеми за три бода од Ѓорче Петров

Ренова по три едноподруго порази стигна до триумф во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Гипсарите“ триумфираа со 0-1 на гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Стрелец на единствениот гол вреден три бода за „гипсарите“ беше  Илирид Адеми кој само што влезе во игра се проби по левата страна минувајќи покрај Личина и успеа да ја протне топката под нозете на истрчаниот Марко Јовановски…

Се вчитува...