ВИДЕО: Победа си дозволи срамен пораз од српски второлигаш со 8-0, аматерски пристап со играчи од втор тим и оние кои се на проба

Прилепска Победа си дозволи да загуби со убедливи 8-0 на пријателскиот меч со српскиот второлигаш Лозница.

Прилепчани на дуелот против Лозница истрчале со комбиниран тим, со пауза за првотимците кои ден претходно играа со Вождовац, со што ги налутиле домаќините кои очекувале квалитетен тест-дуел а добиле тренинг со екипа која аматерски се однесувала на теренот.

Како што пренесуваат Србите, македонските фудбалери во текот на целиот натпревар успеале да упатат само еден удар во рамката од голот на Лозница.

Лут по мечот бил и тренерот на Лозница, Небојша Нешковиќ…

„Очекувавме ние вистински квалитетен противник со кој ќе може да ги одмериме силите и да ги реализираме нашите планови, но очигледно Победа се одлучи да не истрча со најсилниот состав. Ние очекувавме дека тоа е екипа од Суперлига на Македонија, но ете тие излегоа со некоја микс-екипа на теренот. И навистина ми е жал, затоа што се чувствуваме изневерено, не очекувавме ваков противник на терен“ – истакна по мечот Нешковиќ.

Се вчитува...