Видео: Ракометна телепатија – Шмит до Колбахер

Рајн-Некар Левен славеше со 34-32 на првиот осминафинален меч против Нант, на кој брилијантна игра покажаа средниот бек Анди Шмит и пикерот Јаник Колбахер.

Впрочем, најубавата акција на натпреварот беше дело на овие двајца „лавови“, Шмит „телепатски“ го најде Колбахер на линијата, а германскиот репрезентативец ја смести топката во мрежата.

Само за потсетување, Колбахер го заврши натпреварот со 11 гола, додека Шмит осум пати ги совлада голманите на Нант.

Се вчитува...