ВИДЕО: Ревија на „ремек-дела“ во Битола – Маркоски почна, Мухарем заврши со мајсторија!

Пелистер и Шкупи одиграа одличен натпревар во Битола, заокружен со реми (2-2) и три вистински „ремек-дела“… „Зелените“ прокоцкаа и предност од 2-0, на крајот за реална поделба на бодовите.

Пелистер дојде до водство со феноменалниот гол на Ристе Маркоски… На 2-0 во првото полувреме зголеми со уште еден прекрасен погодок Лукас Фереира.

А, потоа во вториот дел следеше шок за битолчани. Најпрво во 80. минута автогол на Љамчевски за намалување на 2-1, а потоа во 86. минута нововлезениот Мухарем со вистинска мајсторија заокружи на конечни 2-2!

Се вчитува...