ВИДЕО: „Романтичарите“ за само две минути со два гола против Македонија ЃП

Работнички има предност од 2-0 против Македонија ЃП по само 30 минути игра во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ во подобар натпревар сосема заслужено доаѓаат до предност, уште во раната фаза од натпреварот во голема мера цврсто чекорејќи на патот до трите бода.

Убав погодок во 26. минута постигна Рушевиќ за водство од 1-0.

Во 28. минута, пак, по нафрлувањето на Алими од слободен удар од левата страна, капитенот на гостите Филип Мишевски ја зафати топката која отседна во мрежата на Стевковски.

Се вчитува...