Видео: Серафимов ја реши Стеауа – кога е најтешко, тука е најмладиот

Металург направи вистински подвиг откако со фантастичен пресврт стигна до триумф во Букурешт над Стеауа, на тој начин одмаздувајќи му се на романскиот претставник за поразот во Скопје во првиот круг од натпреварувањето.

Најискусниот Даниел Дупјачанец бранеше одлично на голот, а кога стана најважно во нападот, одговорноста ја презеде најмладиот – Мартин Серафимов. Резултатот гласеше 26-26 во претпоследната минута кога Металург реализираше беспрекорна акција, топката дојде до Серафимов, кој беспрекорно реализираше во мрежата на домаќините.

Овој погодок воедно беше избран од СЕХА-лигата за најубав гол на натпреварот меѓу Стеауа и Металург.

 

Се вчитува...