ВИДЕО: Шкендија без Ќатип Османи конечно победи, Работнички нов „фенерџија“

Шкендија конечно во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига стигна и до првата победа сезона.

По смената на Ќатип Османи, „црвено-црните“ предводени од Еркан Селими од клупата стигнаа до триумф од 3-0 против Работнички со што конечно го избегнаа и дното од табелата.

Шкендија поведе со погодокот на Жуниор во 19. минута по проигрувањето од Мици…

А, Мици повторно асистираше и во 38. минута од левата страна за Алими кој постигна убав погодок за 2-0…

Конечните 3-0 следеа во 90. минута кога нововлезениот Бесарт Ибраими асистираше за Тотре кој прецизно шутира од 15 метри…

Се вчитува...