ВИДЕО: Шкендија моќна и во Молдавија – Водство од 0-2 на полувремето!

Сосема еднакво како и на првиот натпревар во Струмица, тетовска Шкендија комплетно доминира против молдавска Дачија и на реваншот од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа во Кишињев.

По првите 45 минути на дуелот во Молдавија, „црвено-црните“ избраници на Ќатип Османи имаат водство од 0-2.

Најпрво со голот Арменд Алими, Шкендија поведе во 32. минута…

А, во 44. минута и бразилскиот интернационалец Жуниор се запиша во листата на стрелците за веќе трасирање на патот кон втората рунда натпревари од квалификациите за ЛЕ.

Се вчитува...