ВИДЕО: Шкендије „меле“ – И Пелистер со „три парчиња“ во тетовската машина!

И Пелистер се најде во „машината“ на тетовска Шкендија.

Тимот на Ќатип Османи запиша нова убедлива победа во последното есенско коло од шампионатот, славејќи во 18. коло со убедливи 3-0 против Пелистер.

Најпрво Бесарт Ибраими во 49. минута донесе водство од 1-0, а по пеналот врз него, капитенот Ферхан Хасани стрелаше за 2-0, за да во 90. минута триумфот го заокружи младиот Зејнулаи…

Со овој триумф, и киксот на Вардар во Чаир, Шкендија сега е на +14 бода од шампионот, иако Вардар има и два заостанати натпревари против Работнички и против Академија Пандев помалку.

Се вчитува...