ВИДЕО: Шкупи го плати цехот за киксот на Шкендија во Струга… По два гола на Ибраими и Жуниор

Шкендија брзо го заборави претходниот кикс на гостувањето во Струга, па се врати на убедливите победи пред своите навивачи.

Тетовци дојдоа до 4-0 против Шкупи во натпревар во кој триумфот на „црвено-црните“ беше најавен веќе во 2. минута со голот на Бесарт Ибраими. Во 28. минута Стенио Жуниор донесе предност и од 2-0, а во 41. минута Бесарт Ибраими со својот втор гол, овој пат од пенал заокружи на 3-0 пред паузата. Со овој погодок и стана рекордер во историјата на македонскиот фудбал со 167 постигнати голови.



Во второто полувреме, и Стенио Жуниор запиша свој втор гол во 89. минута за конечен триумф од 4-0.

Се вчитува...