ВИДЕО: Шкупи неочекувано лесно со два гола за 15 минути ја „скрши“ Победа во Прилеп

Крајно неочекувано Шкупи премногу лесно во првите 15 минути доаѓа до предност од 0-2 на гостувањето против Победа во Прилеп во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Уште во 7. минута по една убава акција, Хамиди оставен од домашната одбрана носи предност од 0-1…

А, повторно по еден контранапад и прецизна акција со пропуст во одбраната, Трапановски во 14. минута избива сам пред домашниот голман и носи 0-2 за чаирчани.

Се вчитува...