ВИДЕО: Шкупи води против Работнички, гол од офсајд или не!?

По само пет минути игра Шкупи дојде до предност од 1-0 против Работнички во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По нафрлувањето од левата страна од слободен удар, уште во 5. минута Маргвелашвили реагираше одлично, а судиите оценија дека нема офсајд позиција.

Во 9. минута Работнички остана и со играч помалку по исклучувањето на Исмаили.

Па, со играч повеќе Шкупи во 28. минута со голот на Цефас дојде до предност и од 2-0.

Се вчитува...