Видео: Што промаши, црни Мората

Алваро Мората е авторот на промашувањето на сезоната на Јувентус, по неверојатниот потег на Шпанецот на дербито со Аталанта.

Тој најпрвин го проигра Роналдо, а кога топката се одби до него наместо да ја смести во празната мрежа изреагира индиферентно, обидувајќи се да шутне со пета и промашувајќи го целиот гол.

Мората можеби во прв момент мислеше дека се наоѓа во офсајд, но знаменцето на помошникот остана спуштено до самиот крај.

Се вчитува...