Видео: Скубе постигна магичен гол, но што вреди кога Вардар загуби

Сташ Скубе одигра уште еден одличен натпрвар во дресот на Вардар, воедно и постигнувајќи го најубавиот гол на дерби дуелот со Веспрем.

Мечот влегуваше во самата завршница кога Скубе финтираше шут од место, испрати двајца противнички ракометари „по семки“, по што непречен од никого ја затресе мрежата на Миклер. За жал, тоа беше последниот блесок на „вардарци“, кои поради очајната игра во одбраната во завршницата на крајот претрпеа минимален пораз од големиот ривал.

 

Се вчитува...