ВИДЕО: Смешен автогол на Грнчаров, Вардар губи од Матерсбург…

Фудбалерите на Вардар во моментов го играат претпоследниот пријателски натпревар за време на своите подготовки во Австрија против австрискиот прволигаш Матерсбург.

„Црвено-црните“ по 70 минути игра имаат негатива од 0-1 против Австријците, откако во 54. минута капитенот Бобан Грнчаров успеа, помалку смешно, неспретно да ја затресе сопствената мрежа…

Вардар на дуелот стартуваше во следниот состав. На голот Филип Гачевски, во одбраната Евгениј Новак, Бобан Грнчаров како и Бесир Демири и Хофханес Хамбарџумјан. Во средината на теренот Никола Глигоров, Џамбул Џигаури и Стефан Спировски, и во офанзивниот дел Хуан Фелипе, Дамир Којашевиќ и Џонатан Боарето Дос Реис. На клупата останаа Игор Алексовски, Дарко Глишиќ, Бесар Исени, Дарко Велковски, Филип Стојчевски, Бојан Колевски, Тодор Тодороски, Ацо Стојков, Дејан Блажевски, Матеус Лима, Висар Муслиу и Владица Брдаровски.

Се вчитува...