ВИДЕО: Сомнителен гол на Пелистер во 90. минута, жесток револт на стружани, вербални напади кон судијата

Крајно мирниот натпревар меѓу Струга ТЛ и Пелистер во 21. коло од ПМФЛ, заврши тензично со многу нервоза и вербални напади кон главниот судија откако Пелистер дојде до победа во 90. минита со погодокот на Иван Пејаковиќ.

Пејаковиќ успеа несигурната реакција на домашниот голман да ја искористи со отурнување на топката од рацете на Ѓуриќ во мрежата на Струга ТЛ…

Но, сето тоа наиде на жесток револт кај домашните кои сметаа дека имаше прекршок над нивниот голман.

„Јасно е дека има прекршок. Од страната на помошниот судија очигледно се гледа, но и главниот судија беше блиску сето тоа да го види“ – реагираат по мечот од Струга ТЛ.

А, токму револтот кон главниот судија Игор Иванов од Велес, на крајот беше заокружен и со серија вербални напади од ложата и од трибините на стадионот во Струга.

Се вчитува...