ВИДЕО: Супер-гол на Донев, Академија Пандев води со Силекс

Академија Пандев од 23. минута има предност од 1-0 на дуелот против Силекс во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ заслужено поведоа со погодокот на 21-годишниот Донев кој испрати силен шут за убав погодок од 25 метри, изненадувајќи го противничкиот голман Божиновски.

Академија Пандев потоа имаше уште една одлична можност и за 2-0, но Димитар Митровски ја погоди само гредата од голот на Силекс.

Се вчитува...