ВИДЕО: „Тика-така“ акција – Ѓорѓевиќ ги реши „академците“!

Екипата на Силекс стигна до повеќе од значајна победа на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

Иако минимална со 0-1, кратовци сега со 31 бод се доближија на само еден бод од второпласираниот Вардар. Стрелец на единствениот погодок за Силекс, вреден три бода, беше српскиот интернационалец Милош Ѓорѓевиќ во 16. минута од средбата по прекрасно двојно проигрување…

Во второто полувреме Академија Пандев имаше повеќе од играта и неколку 100% шанси за погодок но не успеа да израмни. Во 45. минута, Зоран Балдовалиев не реализираше и удар од белата точка за домаќините.

Се вчитува...