Видео: Томовски брани, Талески „тресе“, Македонија е на „плус три“

Македонија има предност од 14-11 по првото полувреме од клучниот натпревар на младинскиот мундијалот против Бразил, по триесетте минути игра во кои нашите ракометари делуваат одлично, оставајќи ги зад себе разочарувачките порази на последните средби со Тунис и со Шпанија.

„Црвено-жолтите“ цело полувреме го контролираат резултатот, па и покрај чудниот судиски критериум и честите исклучувања на нашите ракометари (Филип Кузмановски веќе има две) избраниците на селекторот Темелковски играат цврсто во одбраната, што им носи резултат во овој дел од мечот.

Во продолжение, погледнете ги двата најубави моменти од македонскиот настап во ова прво полувреме, одбранбениот зицер на Мартин Томовски и прекрасниот погодок што го постигна капитенот Филип Талески.

Се вчитува...