ВИДЕО: Тројка на Јакимовски со звукот на сирената ги „полуде“ американските коментатори

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски триумфираше со Вашингтон Стејт по продолжението со 90-87 во синоќешниот дуел од НЦАА лигата во САД.

Јакимовски повторно беше во фокусот на својот тим.

Мечот го заврши со 13 поени, од кои три тројки, а дополнети и со пет скока и четири асистенции. Но, остана забележана неговата тројка со „звукот на сирената“ на крајот од првото полувреме која ги „полуде“ и американските коментатори.

Се вчитува...