ВИДЕО: Тројката Барди – Пандев – Трајковски без милост, Македонија води со 3-1 на полувремето против Лихтенштајн!

Македонската репрезентација води со убедливи 3-1 против Лихтенштајн во третиот натпревар од Лигата на нациите на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Тројката Енис Барди – Горан Пандев – Александар Трајковски функционира без милост креирајќи и реализирајќи ги сите три погодоци за Македонија. Најпрво во 10. минута по акцијата почната од Барди, а асистенцијата на Пандев мајсторски реализираше Трајковски…

Потоа во 30. минута, Трајковски го постигна својот втор гол на асистенција на Пандев…

А, во 36. минута по одлично изведениот слободен удар на Барди од 18 метри, гостинскиот голман одбрани одбивајќи ја топката на 15 метри каде капитенот Горан Пандев стрелаше за 3-0…

Јилдиз во 37. минута, по една грешка во нашата одбрана стрелаше за 3-1.

Се вчитува...