Многу контроверзии предизвика поништувањето на црвениот картон на САД на Мундијалот, пред мечот со Белгија. Балогун иако имаше суспензија, сепак, ФИФА му ја поништи и тоа по реакција на претседателот Доналд Трамп.
Сепак, Белгијците на крајот победија со 4-1, и така фудбалот победи наспроти политиката.
Следуваше урнебесни реакции на социјалните мрежи и на телевизиите. Прва со реакција се јави белгиската федерација на социјалната мрежа „Икс“.
„Ајде сега поништете го ова“, стоеше во коментарот на белгиската федерација после четвртиот гол на Белгијците.
Уште поурнебесна беше реакцијата на хрватскиот коментатор по завршувањето на мечот.
„Белгија победи, но да почекаме. Можеби утре наутро кога ќе се разбудиме ќе дојде повик од Белата Куќа, ќе се најде некаков член и оваа победа на Белгија ќе биде залудна. Но, ова е чисто како солза“, беше коментарот на Хрватот.
Croatian commentator: ‘Belgium won, but let’s wait… maybe tomorrow morning when we wake up, a call from the White House comes in’ 😭 pic.twitter.com/ceRxQhtPKV
— Sam 🇧🇪 (@dynaresam) July 7, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
