Видео: Вакво финале одамна немало – Пркачин ги искачи хрватските кадети на врвот на Европа

Хрватска и Шпанија одиграа незаборавно финале на кадетскиот европски шампионат во Нови Сад, во кое „коцкестите“ во фантастична завршница славеа со 71-70, носени на крилјата на Роко Пркачин.

Последните 30 секунди беа и највозбудливи во едно европско финале со години наназад, Пркачин при израмнети 67-67 со извонредно забивање донесе водство на Хрватска, па следеше „тројка“ преку рака за предност на Шпанија на само шест секунди до крајот. Сепак, последен се смееше Пркачин, кој во стилот на својот татко, со положување под обрачот донесе огромна радост на Хрватска и шок за Шпанците, кои сите претходни средби на овој шампионат ги добија со двоцифрена предност.

 

Се вчитува...