Видео: ВАР му прости на Салах – како ова не е црвен картон?

Ливерпул со солидна предност ќе патува на реваншот во Португалија, но ситуацијата можеше да биде многу поинаква доколку арбитрите имаа повеќе храброст на мечот на „Енфилд роуд“.

Во две сомнителни ситуации судиите од ВАР-собара решија сепак да не досудат пенал по играњето со рака на Александер Арнолд и на Ловрен, но најголемиот превид се чини беше направен во второто полувреме, по бруталниот старт на Мохамед Салах над Данило.

Намера можеби немаше, но тоа не го менува фактот дека станува збор за старт со отворена нога директно на скочниот зглоб на противникот. Веднаш на видео-снимка се виде дека станува збор за жесток дуел, но ВАР-арбитрите одлучија да не даваат дополнителна сугестија до главниот судија.

Се вчитува...