Видео: Згрешија ли судиите – спорниот момент за кој „плаче“ цела Хрватска

Хрватската јавност се уште не може да ја преболи ситуацијата од претпоследната минута од синоќешниот трилер-дуел со Германија, кога данските арбитри Хансен и Гјединг досудија пробивање од Карачиќ, не дозволувајќи Штрлек да постигне гол за израмнување.

Лино Червар жестоко ги критикуваше данските судии барајќи да бидат исфрлени од натамошниот дел од Мундијалот, хрватскиот селектор најверојатно ќе биде и казнет за своите коментари, но за „коцкестите“ сепак најважно е што поради оваа судиска одлука останаа без шанса за полуфинале, а како што стојат работите би можеле да останат и без место во олимписките квалификации.

Спорната ситуација погледнете ја следниот ЛИНК , па и самите проценете дали Хрватите се во право што со дрва и камења фрлаат по судиите.

Се вчитува...