Видеолотарија Касинис Австрија со донација за ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА Кичево

Видеолотарија Касинос Австрија потпиша договор за донација со ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА Кичево.

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува со својот активен придонес за унапредување на заедницата. Со в.д. директорот на ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА Кичево,  Станко Трпески го потпишавме договорот за донација во оваа болница. Паричните средства од донацијата ќе бидат искористени за набавка на медицинска опрема и медицински материјал, неопходни за лекување на пациентите во оваа установа.

Д-р Станко Трепески изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија  за препознавањето на важноста на здравството и брзиот одговор на нивното барање.

Видеолотарија Касинос Австрија го препознава здравството како еден од основите општествени столбови, па со оваа донација, тоа го потврдивме уште еднаш. И во иднина ќе продолжиме да го негуваме трендот на општествено одговорна компанија, која грижливо придонесува за најранливите групи и највиталните сектори во нашата заедница.

#ИграјСоНајдобрите #ИграјОдговорно #БидиОдговорен

Се вчитува...