ВИДЕОЛОТАРИЈА втора година е сигурен партнер на ФФМ

Партнерството меѓу Видеолотарија Касинос Австрија и фудбалската репрезентација на Македонија влезе во втората година од своето постоење. И двете страни со задоволство гледаат на досегашната соработка, но и на предизвиците и успесите, кои допрва ќе ги доживееме заедно.

По една возбудлива и историска година заедно со фудбалската репрезентација на Македонија, Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство влегува во новата епизода од плодното пријателство. Исполнувањето на втората етапа од нашата финансиска обврска е всушност привилегија, бидејќи знаеме дека на тој начин го поддржуваме најдоброто од македонскиот спорт, една група на професионалци и пред сè луѓе кои се незаменливи амбасадори на нашата земја.

Видеолотарија Касинос Австрија ги следеше во чекор фудбалерите на нивното незаборавно патешествие на Еуро 2020, во нивната епска победа над актуелниот европски шампион Италија и беспоштедниот настап со Португалија пред портите на Светското првенство. Попатно изградивме нескршлива верба дека нивното време допрва доаѓа и затоа нетрпеливи сме да ги прославиме нивните идни успеси и незаборавни настапи на големите натпреварувања под знамето на Македонија.

„Исклучително сме среќни што преку оваа соработка со Видеолотарија Касинос Австрија имаме можност да ја продолжиме убавата приказна на македонската фудбалска репрезентација, која покрај спортскиот успех во себе содржи голема национална гордост. Видеолотарија Касинос Австрија е горд поддржувач на македонската фудбалска репрезентација, а горди сме и ние што имаме партнер кој секогаш ги потврдува и поддржува вистинските вредности. Нашата федерација има не само партнер, туку и докажан пријател, кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот на голем број на активности и настани, а со цел да се промовираат и да се прослават успехот и напредокот. Знам дека еден од најгласните поддржувачи кон нашата цел за нов пласман на големо натпреварување ќе бидат нашите драги пријатели од Видеолотарија Касинос Австрија. Вие и досега потврдувате колку за вас е важен спортот, не само фудбалот, но со ова партнерство во вистинска смисла станувате член на нашето фудбалско семејство. Благодарност до раководството на Видеолотарија Касинос Австрија и до секој вработен во вашата институција за големата поддршка и се надевам дека заедно ќе се радуваме на нови победи“, истакна претседателот на ФФМ Муамед Сејдини.

Ние од Видеолотарија Касинос Австрија, не се сомневаме дека заедничката колекција на незаборавни моменти и важни достигнувања ќе станува сè побогата. Со нетрпение ги очекуваме следните предизвици на фудбалската репрезентација на Македонија, почнувајќи од Лигата на нации и натпреварите со Бугарија, Грузија и со Гибралтар во јуни, како и квалификациите за Европското првенство во 2024 година, кое ќе биде нашата следна голема мисија.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно  

Се вчитува...