Виеира: Хрватска нема шанси во финалето, Модриќ не е најдобриот фудбалер на СП

Еден од најдобрите фудбалери за врска на модерниот фудбал, легендарниот Патрик Виеира го коментира престојното финале на СП 2018 во Русија. За светскиот и европскиот шампион со Франција нема размислување кој на крајот ќе го однесе трофејот од Русија.

„Франција е голем апсолутен фаворит. Хрватска во финалето влегува со три едноподруго натпревари во кои играше продолженија и имаат ден помалку да се опорават од сето тоа. Така уморни и исцрпени ќе играат против моќната Франција, која поседува голема брзина и сила. Кога Франција ќе тргне, на Хрватите ќе им биде и тоа како тешко. Но, мора да бидеме внимателни“ – вели Виеира, и дополнува:

„Сигурен сум дека ќе бидеме светски шампиони. Тоа го кажав уште пред почетокот на првенството. По триумфот над Аргентина ништо не може да ја запре оваа Франција“.

Лука Модриќ, според многумина, е прв фаворит за „Златната топка“ на СП, но и за најдобар фудбалер на годината. Но не и за Виеира.

„Не знам дали Н’Голо Канте е најдобар на светот, но сигурно знам дека е најдобар фудбалер за врска на ова Светското првенство. Не постојат многу фудбалери кои се како него. Многумина го истакнуваат токму него како клуч за оваа Франција, затоа што одработува голем дел од задачите за цела екипа“ – вели Виеира.

Се вчитува...