Виган во новата сезона ќе влезе со четири бода минус

Виган Атлетик ќе влезе во следната сезона во Лига 1 со одземање на четири бода затоа што не ги исплати платите на играчите овој месец, потврди Англиската фудбалска лига (ЕФЛ).

Виган испадна од Чемпионшип, а веќе во март беше казнет со одземање три бода поради истата причина.

Клубот беше и финансиски казнет за доцнење на платите во јуни, јули и октомври минатата година.

„Казната ќе се применува на почетокот на новата сезона, а клубот е суспендиран со одземање на дополнителни четири бода и оваа условна казна ќе истече на 30. јуни 2024 година, на крајот од сезоната“, се вели во соопштението на ЕФЛ. 

Виган играше осум последователни сезони во Премиер-лигата, а во 2012/2013 година кога испадна од елитата го освои ФА купот што е најголем успех во историјата на овој клуб.

Се вчитува...