Вијали по добиената битка со тешката болест: Им ветив на родителите дека нема да умрам пред нив

Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлука Вијали вели дека добил можност за нов почеток откако ја доби битката со ракот на панкреасот. Вијали одлучи да напише и книга за својот живот преку која сака да ги инспирира луѓето да истрајат до крај во секоја животна битка.

Впрочем, како што вели, им ветил на родителите дека нема да умре пред нив.

„Свечено му ветив на мојот татко дека нема да умрам пред него и мајка ми. Мојот татко има 90 години, а мајката – 85 години. Исклучително сум среќен што се уште ги имам. Сега кога сум родител знам дека не може да има ништо поболно од загуба на дете. Беше ветување. Не сакав тие… Се обидувам да бидам несебичен“ – вели Вијали, и дополнува:

„Секако, сакам да живеам толку долго колку што можам, но дефинитивно не сакам тие да минуваат низ болен период поради загуба на свое чедо. Тоа е една од моите цели во животот. Да ги надживеам родителите. И таа цел ми даде сила за борба“.

55-годишниот Вијали дополнува дека последно на памет му било да кука низ сиот тој период и да се прашува зошто токму тој е еден од најнесреќните погодени од болест која тешко се лечи.

„Не сакав да размислувам на тој начин затоа што не би било фер. На сите им се случуваат лоши работи, и сите на некој начин се бориме во животот“ – истакнува едно од најславните италијански фудбалски имиња во историјата.

Се вчитува...