Викенд на младите: На „Кале“, во Дуња и Маџари иднината на македонската кошарка ќе се бори за трофеи

Откако претходниот викенд младинските кошаркарски селекции се бореа за место во третата елиминациска фаза, овој викенд следува вистински спектакл во спортските сали на „Кале“, Дуња и во Маџари каде ќе биде одиграна последната фаза пред Ф4 турнирите за играчите до 14, 16 и 18 години.

Ова ќе биде вистински викенд на младите со 30 натпревари во машка и женска конкуреција, а се започнува денеска од 10 часот наутро во Малата сала на „Кале“ каде силите ќе си ги одмерат Куманово и МЗТ Скопје во категоријата М14, а богатиот, прв ден од викендот ќе биде исполнет со 15 дуели.

Интересно е тоа што доколку и некој клуб биде поразен денеска ќе има „поправна“ шанса веќе утре со новите 15 дуели. Целиот распоред за престојниот викенд можете да го погледнете на следните линкови. Делегирање натпревари – сабота и делегирање натпревари – недела.

Се вчитува...